Реклама

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Македонија

Претседателот на Уставен суд Костадиновски се сретна со новата кинеска амбасадорка Сјаојен

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен.

На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи. Тој ги претстави своите заложби за обезбедување на поголема независност и самостојност на институцијата, како и за зголемување на транспарентноста во работењето, вклучително преку снимање на седниците во живо.

Двете страни ја нагласија важноста од продлабочување на билатералната соработка преку размена на искуства и дијалог меѓу уставните судови, како начин за зајакнување на институционалните врски и унапредување на меѓународните стандарди во уставно-правната област.

Реклама

Амбасадорката Сјаојен ја презентираше иницијативата за приклучување на Македонија во Меѓународната организација за медијација (IOMed), истакнувајќи го значењето на меѓународната соработка и промовирањето на принципите на владеење на правото.

Со оваа средба, двете страни ја потврдија посветеноста кон јакнење на билатералните односи, продлабочување на меѓусебните врски и зајакнување на уставно-правната соработка.