Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Претседателот на РКЕ, Ристов: Преку инвестиции во акции граѓаните да учествуваат во изградба на ХЕЦ „Чебрен“ 

Граѓаните, наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ „Чебрен“ – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција“, CBAM и иднината на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните, наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ „Чебрен“ – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција“, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од „Фајнанс тинк“, соопшти прес-службата на РКЕ. 

Енергетиката, посочи Ристов, не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување модел на акционерско друштво, каде што граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата, рече Ристов.

Осврнувајќи се на енергетскиот развој, дополни дека енергетската транзиција е реалност. Најавата за реализација на когенеративната централа во Битола од страна на ЕСМ ја оцени како јасна определба на државата за ослободување од фосилните горива. Најави дека следна регулаторна точка е е-мобилност.

Реклама

– Кога зборуваме за енергетската транзиција, тука е и електрификацијата, односно е-мобилноста во транспортот. Сите западни држави, но и сите развиени држави, се над 50 проценти веќе со развиена е-мобилност, а ние сме само со 1 процент – тоа е поле на кое мора да се работи, тоа е иднината. Ние како регулатор почнуваме да подготвуваме регулатива и да дадеме основа и динамика за развој на овој дел –  рече претседателот на РКЕ.

Во однос на јаглеродната такса, Ристов посочи дека цената на електричната енергија не е конкурентна на европскиот пазар и е регионално ограничена. Но, потенцира, задачата треба да се заврши и да има одвојување на производителите од обновливи извори и на оние од фосилни горива.