Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вели дека не го разбира потегот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вели дека не го разбира потегот на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари да излезе од влада, говореше и за претходните критики на ДУИ околу нејзината изјава дека нема потреба од предвремени избори ако владата има 61 пратеник, дури и доколку албански пратеници ја напуштат коалицијата

„Да бидам искрена ова што го направи јас не го разбирам. Не го разбирам. Не сум видела знаете како сите ние понекогаш менуваме став, ама ова да не знаете кој е ставот и зошто е крајно невообичаено. Јас ги паметам дискусиите во парламентот за Раскољников, точно од една партија, па потоа Раскољников стана некој кој што може да се толерира. Значи не мислам дека се во право ДУИ кога вака зборуваат, но она што го велите вие кај нас да, некогаш кога ќе тргне лавината или топката да се тркала, таа добива некои чудовишни димензии. Мене ме чуди една друга теза овде кај вас што ја чув. Вака вели, бившиот министер за надворешни работи, сега ако излеземе на избори парламентарни и заедно со локални, тоа ќе ни обезбеди четиригодишен мир. Ништо не разбирам, како тоа, значи ако ДУИ е внатре, загарантирано е четири години мир. Тезата е нелогична“, изјави Гордана Силјановска Давкова.