Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни почести пречекана во Братислава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин.

Реклама

Утре, претседателката ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски. дма/сст/