Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Престижен трофеј за црвеното вино „Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ 

Трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија му…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски на свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинашниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8 септември во Лондон.

Со оваа награда, како што велат од ВВ „Тиквеш“, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

На настанот во Лондон на кој беше доделен трофејот за „Babuna Red 2023” присуствуваа претставници на големи светски малопродажни синџири, купувачи, увозници, дистрибутери и производители, како и професионалци од угостителскиот сектор и едукатори од областа на винската индустрија. На свеченоста им се оддава признание на победниците на натпреварот, но и на поединците кои ја обликуваат иднината на виното во Велика Британија и на глобално ниво.

Реклама

-Овој трофеј е големо признание за „Тиквеш“ и за целиот тим кој неуморно и со огромна љубов и страст континуирано работи на квалитетот на нашите автентични вина, меѓу кои секако е и „Babuna red 2023“. Оваа престижна награда има големо значење за натамошното глобално позиционирање на „Тиквеш“, бидејќи претставува потврда за автентичноста и константно високиот квалитет на нашите вина. Истовремено, таа придонесува за уште поголема препознатливост и зајакнување на имиџот на Македонија како винска земја со богата традиција, уникатни тероари и вина со светски потенцијал- изјави Јаневски, заблагодарувајќи им се на организаторите и на стручното жири на IWC за доделеното признание.

Создадено од внимателно избран спој на сортите плавец, вранец и шираз, „Babuna Red 2023“ носи силен карактер, длабочина и современ вински израз, препознатлив за вината на „Тиквеш“. Според оценките на IWC, станува збор за „одлична комбинација на моќ и елеганција“, односно за богато, но одмерено вино со интензивни ароми на шумско овошје, комплексни зачински ноти и суптилни зрели тонови.

Дополнителна вредност и автентичност на ова вино му дава и тероарот од кој произлегува, регионот Бабуна во срцето на Македонија, обликуван од влијанието на планината Клепа, реките Бабуна и Вардар, како и од специфичниот спој на континентална и медитеранска клима. Разновидните почви богати со хранливи материи и локалниот биодиверзитет создаваат природна рамнотежа што овозможува постепено зреење на грозјето и развој на изразени ароми, богат вкус и препознатлив карактер на виното.

International Wine Challenge е еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот, основан во 1984 година. Секоја година вина од над 50 земји се оценуваат од повеќе од 500 врвни меѓународни експерти, меѓу кои мастери за вино, врвни сомелиери, винари, критичари, купувачи и едукатори. Оценувањето се спроведува преку дегустација „на слепо“ и детална повеќестепена анализа, при што секое вино се дегустира најмалку двапати во различни денови, а финалните одлуки дополнително ги потврдуваат водечките судии на натпреварот, со цел да се обезбеди максимална објективност и конзистентност на резултатите.

Издвојувањето на „Babuna Red 2023“ како највисоко оценето црвено вино од Македонија на годинешното издание на IWC, е уште една потврда дека „Тиквеш“ продолжува да создава вина кои успешно се натпреваруваат и се вбројуваат меѓу најдобрите во светски рамки.