Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Преспанскиот договор беше голема цена и инспирација за Бугарија, смета претседателката Сиљановска Давкова

Преспанскиот договор беше голема цена, а мислам дека и Бугарија се инспирира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преспанскиот договор беше голема цена, а мислам дека и Бугарија се инспирира од него за да поставува свои барања, смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

– Тоа е голема цена, тогаш ни требаше НАТО, а ние им требавме ним. НАТО не беше на референдумското прашање, беше само ЕУ. Најголемата грешка кон нас е грешката во Букурешт. Дотогаш одевме нагоре во развојот во секој поглед. Потоа незаслужено останавме надвор. Правам голема разлика меѓу НАТО и ЕУ. Во ваква безбедносна ситуација НАТО е многу важен, но ЕУ е нешто друго, изјави претседателката во емисија за една од националните телевизии.

Вели дека не го сменила ставот во врска со Преспанскиот договор и оти не е корисен за нас.

Реклама

– Сметам дека тоа е можеби реалполитика. Но и самиот (Алексис) Ципрас кажа дека малку требало да дојде признанието без промена на името. Тврдам дека ОН се тело во кое сите држави се еднакви, повелбата важи за сите, дека правото на саоопределување го вклучува во себе самостојното определување на името, знамето, политичкиот систем итн. Да ви речат дека заради светот на реалполитиката во надворешните односи да употребувате, ама внатре во државата, е директно мешање во внатрешните работи и кршење на сите акти, особено на Виенската конвенција, вели Сиљановска Давкова.

Според неа, ако имавме бенефиции од промената на името, тоа ќе значеше дека сега би биле во ЕУ и би наидувале на разбирање.

– Во Грција стојат истите патни знаци, не се донесени трите меморандуми, вториот дел од договор за односите во образованието, науката, културата, економијата, не се применети. Очекував Грција да биде таа што и на Европскиот совет и на Бугарија ќе им предочи дека во членот 7 е решено прашањето, да укаже дека ако таму пишува дека за втората страна името Македонија е територија, народ со своја историја, култура и јазик, тогаш не би требало сега со секој сосед да се докажуваме и да постигнуваме компромиси. Мислам дека инспирацијата кај Бугарија дојде од Преспанскиот договор. Во 1999 година ние имавме договор со Бугарија, таму нема дека треба да впишуваме малцинство ниту да формираме комисии. Ништо не се смени оттогаш. Кога не признаваа во 1993 ништо не бараа. Што е тоа ново што одеднаш се појави како проблем? Опасноста од нас да влеземе во ЕУ? Тогаш проблемот не е во нас, туку во правилата на ЕУ што треба да се менуваат час поскоро, нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова.