Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Преспа закрепнува по поројните дождови

По обилните дождови кои го зафатија преспанскиот регон пред десетина дена,водостојот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обилните дождови кои го зафатија преспанскиот регон пред десетина дена,водостојот на реките кои се излеаја од коритата,сега е стабилен.Но, сеуште се санираат штетите од пустошот кој зад себе го оставиводената стихија од надојдените реки кои за десетина минути поплавија 50-тина куќи. Гратскиот Совет на општина Ресен спроведува постапка за формирање комисија која ќе врши проценка на штетите,а која потоа ќе изработи елаборат кој ќе се проследи до надлежните институции.Во меѓувреме се врши дезинфекција и дератизација.

 “Постојано од денот на настанувањето на штетата интервенираме на терен,со расчистување на теренот, со чистење на речните корита се со цел да не ни се повтори во периодов уште една ваква ситуација”- вели Јован Тозиевски,градоначалник на Ресен

Најкрично беше во селата Царев двор и Дрмени,но матерјална штета има и водругите села бидејќи не се работи само за една излеана река туку за сите притоки на Преспанското езеро,појаснува градоначаникот на Ресен, Тозиевски.

Реклама

 “Имавме премногу сушни години речните корита баш на местата каде што се излеани беа оваа пролет исчистени.Да, има делови нечистени,каналската мрежа дел е руинирана, дел затворена.Немаме увид точно каде генерално каналските мрежи се во приватни имоти но како и да е се случи што се случи.”-вели Тозиевски

Силното невреме си го стори своето,но проблем се речните корита како и ендеците и каналите кои жителите своевремено ги затрупале и за да направат бавчи.

Инаку преспанскиот регион е најголем производител на овошје во Македонија, 60 % од вкупото производство на овошје доаѓа токму од производството на јаболка.Тозиевски не очекува дека поплавите ќе предизвикаат негативни последици врз посевите,сепак најави дека во периодот кој следи ќе се консултираат агрономи. Се работи вели за силни врнежи од дожд,која буквално ја потопија Преспа.Само во последното деноноќие кога се случија поплавите наврнале над 110 литри дожд на метар квадратен. За потсетување,покрај поплавените демови,беа евакуирале двајца постари жители на Дрмени.

Иако послаби,сепак сеуште има врнежи од дожд,мештаните стравуваат да не им се случи 85-та година кога излеаните реки носеле се пред себе, па дури и цели куќи.