Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Пренџов: Сè додека Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

„Да испратам една порака до сите пред сè до граѓаните на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Да испратам една порака до сите пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа политичка генерација, актуелна предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема да бидат ниту дел од Владата, ниту ќе бидат власт во Република Македонија. Без разлика дали Таравари ќе трча или ќе оди полека кон нив, Али Ахмети и ДУИ вакво нереформирано со него на чело нема да бидат ниту власт, ниту дел од власта во Република Македонија“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

Пренџов истакна дека не се согласува со тезата дека ЕУ е причината за напуштање на Таравари.

„Јас не се согласувам дека Европската Унија е причина за ова, еве јас јавно повикувам да ги побараме сите записници од седниците на Влада дали таму господинот Таравари жестоко дискутирал, зборувал во врска со Европската Унија дали е забавено или не“, вели Пренџов.

Реклама

Пренџов го охрабри пратеникот Снопче заедно како пратеници да отидат до Влада и да видат дали Таравари се противел на седниците на Влада.

„Она коешто исто така е интересно, а јас го повторувам уште еднаш. Јас ве охрабрувам заедно како пратеници имаме и сертификати ако треба ќе отидеме во Владата ќе ги побараме сите записници и тонски и ќе видиме дали господинот Таравари на било која седница се противел и барал до каде е Балансерот, Бадендерот, Закон за правична застапеност и до каде се реформите за Европска Унија“, истакна Пренџов.

Пренџов истакна дека ЕУ е единственото место каде ние како држава се движиме.

„Во поглед на Европската Унија таа е единственото место во кое ние како општество и држава се движиме, друго место нема, ниту во минатото имало и тоа му е јасно на секој еден граѓанин во Република Македонија“, кажа Пренџов.

Пренџов продолжи и додаде:

„Она што значи објективно оценување, што Владата сработила во изминатиот период каде што сме ние сами се гледа низ реформскиот процес. Сите држави од Западен Балкан добија условно кажано домашна задача што секоја држава одделно треба да направи, тоа се вика како реформска агенда со цел да дојдеме до 750 милијарди евра, 2/3 како кредит, 1/3 како грант значи поклонети средства и за тоа треба да имате определени услови. Република Македонија предводена од оваа Влада и ова управувачко мнозинство е држава која е прва од сите во Западен Балкан во реформскиот процес кој го имаме како задача зададено и тоа се објективните резултати дали вие работите или не работите. Во поглед на Бугарија како што беше најавата и на денешната емисија, нашиот став е идентичен непроменет, тој наш став беше два пати на избори, граѓаните се произнесуваа за тоа, а тоа е сè додека ние Македонците, Албанците и сите кои живееме во Република Македонија не пристапиме кон Европска Унија и Софија не ни го изгласа тој последен протокол ние не можеме нив да ги ставиме како последно барање да им биде Бугарите во македонскиот Устав и тоа е една позиција која четири години е непроменета во поглед на нашето политичко делување“, заклучи Пренџов.