Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Премиерот Мицкоски во посета на „Макпрогрес“ по повод отворање нова фабрика на „Винчини“

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи – фабрика во рамки на брендот „Винчини“. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој ќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи – фабрика во рамки на брендот „Винчини“.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој ќе се разговара за тековните економски состојби, извозните резултати, инвестициските активности и идните развојни планови на компанијата.

По состанокот, предвидена е церемонија по повод отворањето на новата инвестиција, при што премиерот ќе присуствува на свеченото сечење на лентата и разгледување на новите производствени линии.

Реклама

По настанот, премиерот Мицкоски предвидено е да даде изјава за медиумите во кругот на фабриката.

Покрај владината делегација, како што соопштија од Стопанска комора, на настанот ќе присуствува и претседателот на Комората Бранко Азески и градоначалникот на Виница Митко Костадиновски, како и генералниот директор на „Винчини“ Глигор Цветанов, кој истовремено е и потпретседател на Стопанската комора.

-Отворањето на новата фабрика за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра се реализира за само шест месеци, со значајно учество на домашни градежни компании, инженери, проектанти и изведувачи. Објектот располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети како за домашниот пазар, така и за повеќе од шеесет странски пазари на кои денес се присутни производите на „Винчини“, наведуваат од Стопанска комора.

Со стартот на производството веднаш се отворени 40 директни работни места, додека во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни нови вработувања, со што инвестицијата ќе даде значаен придонес кон економскиот развој на регионот и отворањето нови можности за младите кадри. Новата фабрика ќе се овозможи зголемување на производствените капацитети на „Винчини“ за околу 30 проценти, како и значително зголемување на извозот и присуството на меѓународните пазари.