– Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на АД „Македонска пошта“, Орхан Куртиши, денеска ќе присуствуваат на промоција на 100 нови возила за потребите на АД „Пошта на Македонија“.
Настанот, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи на паркинг-просторот пред СРЦ „Борис Трајковски“.
По настанот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
