Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Премиерот Мицкоски во Куманово на средба со занаетчиите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со претставниците на Занаетчиската комора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со претставниците на Занаетчиската комора и со претставници од фризерско-берберската и козметичката секција. На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите, нивните предлози и идеи, како и за можностите за подобрување на условите за работа и развој на занаетчиството.

– Дијалогот со луѓето од реалниот сектор е важен за создавање конкретни и одржливи решенија. На средбата отворено се разговараше за реалните предизвици со кои се соочуваат занаетчиите, како и за конкретните предлози и барања за подобрување на нивната положба – стои во објавата на Фејсбук на премиерот.

Од Занаетчиската комора наведуваат дека на премиерот му бил предаден официјален документ во кој се содржани предлози за подобрување на законските и даночните решенија, сузбивање на сивата економија, организирање национални занаетчиски настани и создавање подобри услови за работа и развој на занаетчиството.

Реклама

Претседателот на комората Агрон Фазлији изрази благодарност до премиерот за приемот, издвоеното време и вниманието со кое беа сослушани претставниците на занаетчискиот сектор.

-Очекуваме денешниот отворен дијалог да продолжи со конкретни институционални чекори и одржливи решенија. Занаетчиите не бараат привилегии, тие бараат услови достоинствено да работат, да создаваат и да придонесуваат за економскиот развој на државата-се наведува во објавата на комората.