Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Преку традицијата до инклузија: „Македонска свадба“ со млади лица со Даунов синдром

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ се одржа настанот „Македонска свадба“, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ се одржа настанот „Македонска свадба“, во организација на Здружението „Трисомија 21“, со поддршка на Општина Кисела Вода.

-Преку игра, песна и автентични македонски обичаи, во соработка со фолклорниот ансамбл,,Седенка”  млади лица со Даунов синдром ја прикажаа убавината на македонската традиција и испратија силна порака за прифаќање, видливост и еднакви можности, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.

Настанот, како што се додава во соопштението, уште еднаш ја нагласи важноста на инклузијата како долгорочна општествена определба, која се реализира преку конкретни политики, институционална поддршка и препознавање на потенцијалот на секој поединец.

Реклама

-Поддршката на лицата со Даунов синдром и воопшто на лицата со попреченост не смее да биде само декларативна. Како Општина, ние имаме јасна и континуирана заложба да создаваме услови за нивна реална вклученост во заедницата, во културниот, социјалниот, но и во работниот живот. Општина Кисела Вода е првата општина која вработи лице со Даунов синдром. Стефан е дел од нашиот тим, рамноправно учествува во секојдневните обврски и е пример дека кога институциите ќе покажат доверба и ќе дадат можност, резултатите се видливи и позитивни. Ваквите настани, пак, како проектот „Македонска свадба“, се важни затоа што ја зголемуваат видливоста, ја рушат стигмата и потсетуваат дека овие млади луѓе имаат талент, желба и потенцијал, изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода, како што додаде таа, ќе продолжи да ги поддржува здруженијата и иницијативите кои придонесуваат кон вистинска инклузија и еднакви можности за сите граѓани.