Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Прилози

Правосудната администрација извиси, штрајкот најверојатно продолжува следната недела

Македонскиот правосуден систем пред целосна парализа. Власта тактитизира и купува време додека …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот правосуден систем пред целосна парализа. Власта тактитизира и купува време додека  вработените во судовите и обвинителствата крпат крај со крај со минимални плати. 

Преговорите помеѓу УПОЗ и владата не вродија со плод, додека синдикатите на судската администрација и полиција се целосно игнорирани од власта.

„Секако, протестите се неминовни. Штрајкувачкиот одбор одлучи од нареден вторник, бидејќи оставивиме простор повеќе од 20 дена. Откако владата одлучи дека ќе има преговори. Mеѓутоа, се гледа дека купуваат време и немаат слух за нашите барања. Протестите ќе бидат секој ден во сите судови низ Македонија, што значи, ќе се закочи повторно судството и не знам од кој причини владата се одлучи на ваков чекор“ – вели Изабела Илиева од синдикална организација при јавни обвинителства

Реклама

            Администрација во обвинителствата со истиот став. Двете средби со претставниците на владата им наликуваат на купување време и одложување на блокадата во правосудниот систем.

„Очекуваме штрајковите да се реактивираат и протестите на судовите исто така да засилат во интензитет. Инаку, да, изгледа на купување време, бидејќи ние претходно цел месец штрајкувавме, не бевме повикани на разговори иако беше донесена одлука веќе добри две недели за да седнеме во влада. Сега баш неколку дена пред донесување на буџетот се прават овие состаноци, каде што нема доволно време за попрецизно да се утврдат проценти– вели Изабела Илиева од синдикална организација при јавни обвинителства

            Владата решението го гледа во нов, сеопфатен закон за плати, но тој е далеку од готов. Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, неодамна призна дека во администрација има огромна дисторзија помеѓу примањата. За иста работа, се земаат различни плати во завиност од ресорот. Но, предлог законот се уште е во „драфт“ верзија.

Никола Цветковски