Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Христијанските верници што се водат според Грегоријанскиот календар го слават Велигден

Православните верници што се водат според Грегоријанскиот календар денеска го слават Христовото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Православните верници што се водат според Грегоријанскиот календар денеска го слават Христовото воскресение – Велигден.

Синоќа во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа воскресна литургија, која ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов.

Во својата велигденска проповед, бискупот Стојанов се осврна на суштината на празникот, но испрати и пораки за актуелните глобални конфликти, особено војните во Украина и на Блискиот Исток.

Реклама

На литургијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, претставници на верските заедници, граѓанските власти и дипломатскиот кор.

„Со голем копнеж и емпатија за сите оние што страдаат, постојано ги упатуваме нашите повици до Творецот да ги охрабри срцата на оние што се одговорни за ова насилство да тргнат по патот на преобразување и да воспостават праведен мир. На Блискиот Исток, крвта сè уште не се исушила, а нов конфликт веќе се разгоре. Христијаните таму како ‘мало стадо’ доживуваат тешки искушенија“, истакна бискупот Стојанов, потсетувајќи на континуираните повици на Папата да замолчи оружјето.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод празникот упати честитка до бискупот Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во здравје, радост, љубов и среќа. Таа истакна дека Христовото воскресение веќе речиси два милениума влева надеж и ја зацврстува вербата во доброто.

Во честитката на собранискиот спикер Африм Фаши се вели дека празникот носи пораки на надеж, љубов и духовна обнова, со желби за здравје, спокој и благосостојба.

Премиерот Христијан Мицкоски исто така упати честитка, нагласувајќи дека Велигден е празник на надежта и победата на животот над смртта, кој повикува на духовно издигнување и надминување на поделбите.