Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

ПРАВДА ГИ СКОЦКА ЗАКОНИТЕ: За 5 од 8 се бутка до 23 месецов да влезат во собраниска процедура

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура.

Министерот за правда Игор Филков, на почетокот на денешниот брифинг со медиуми за Реформската агенда, рече дека, иако од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори и дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.

– Министерството за правда, има помалку од 90 вработени, од 195 предвидени по систематизација. Ова е наследена состојба и сега правиме напори овие места да бидат повторно атрактивни – вели Филков.

Реклама

За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Филков рече дека е ова работа за која сите треба да бидат свесни и да не практицираат дневна политика на грбот на граѓаните, оти вели, ние тие закони, како Министерство за правда ги имаме изработено.

Во пакетот осум закони со рок за носење до јуни годинава, четири се доставени до Влада и се во скратена постапка – Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Судскиот совет и Законот за платите на членовите на Советот на Јавни Обвинители.

Законот за Судски совет е подготвен и доставен на на мислење на Венецијанската комисија и објавен на ЕНЕР.

Законот за судска служба е доставен во Владина процедура и се врши усогласување на текстот со мислењата на релевантните институции.

Финалниот текст на Законот за јавнообвинителска служба е подготвен од Работната група и во тек се подготвки за објавување на ЕНЕР.

Текстот на Изборниот законик е подготвен од стручните служби во Министерството за правда во согласност со препораките на ОДИХР.

Од законите со рок до декември 2025 година, текстот за Законот за кривична постапка е подготвен од страна на работната група и се изработени коресподентни табли.

Други закони на кои работи Министерството е и Законот за судови, кој се носи со 2/3 мнозинство, и за кој е формирана работна група која работи на законско решение.

Законот за прекршоци, како дел од проектот „Безбеден град“, е објавен на ЕНЕР и во тек е усогласување на текстот.

Законот за пробација е подготвен и е во финална фаза пред објава на ЕНЕР, а подготвен е и текстот на Законот за помилување, информираше министерот Филков.