Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави иницијатива на надзорна расправа во Комисиајта за финансирање и буџет за поскапување на цената на струјата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес до собранието на Република Македонија доставува иницијатива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес до собранието на Република Македонија доставува иницијатива за одржување на надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет за причините за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза. Ваквата одлука за поскапување на струјата за 7,4% според нас, а и според поголемиот дел од јавноста е ирационална и директно ќе удри по џебот на граѓаните и нивниот стандард. Особено што ваквото поскапување е единствено во регионот и пошироко, во услови на пандемија, кога сите останати земји ги замрзнаа цените на овој енергенс, а некои дури и ги намалуваа, ова денеска го истакна Марија Петрушевска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сметаме дека одлуката на Регулаторната комисија за енергетика има за цел да го заштити профитот на енергетските компании, на сметка на семејниот буџет на граѓаните, а патем и да го покрие нерационалното трошење на огромни суми, партиските и непотистички вработувања, сомнителните тендери, кои потоа ги прикажуваат како трошоци за работа. Надзорната расправа ќе ја открие вистинската причина за ваквата нерационална одлука која уште повеќе ќе го забрза тонењето на стандардот на народот, потенцира Петрушевска од пратеничката група.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став дека цената на струјата треба да се врати на нивото пред одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и истовремено бара да се испита партиско-политичкото влијание врз Регулаторната комисија, што ако се покаже неминовно ќе доведе до нејзино распуштање и избор на нова која ќе работи самостојно врз база на експертски и реални анализи, заврши Петрушевска.