Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Познати кандидатите за нов македонски судија во Стразбур

На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите, се наоѓаат Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и членот и експретседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Судии, јавни обвинители, но и познати адвокати се наоѓаат на листата на кандидати пријавени за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој треба да ја преземе функцијата на почетокот на следната година.

На списокот на пријавени кандидати, до кој дојде „360 степени“, меѓу другите, се Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, која влезе во финалето при претходниот избор на судија за ЕСЧП, како и членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Реклама

Заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени, исто така, е на списокот од 21 пријавен кандидат за местото на Северна Македонија во судот во Стразбур.

И поранешната претседателка на Врховниот суд, која беше разрешена во 2021 година, Лидија Неделкова, е меѓу пријавените.

Даница Џонова, која како владин агент за застапување на земјава пред ЕСЧП, има искуство од работата со судот, исто така, поднела кандидатура

Како што објавија дел од медиумите вчера, меѓу пријавените се и јавната обвинителка Ленче Ристоска, како и судијката во Кривичниот суд, Оља Ристова.

Адвокатите Јордан Апостолски, Тони Менкиновски и Валентин Пепељугоски, исто така, се наоѓаат на списокот на пријавени на конкурсот распишан од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Се кандидирале и нивните колеги адвокати Иво Савиќ, Јелена Ристиќ, Соња Петрушева и Наташа Бошкова, која работи на прашања поврзани со човековите права и соработува со невладини организации во оваа сфера.

Судијката во Апелацискиот суд во Скопје, од кривичната област, Габриела Гајдова, исто така се наоѓа на списокот, како и нејзиниот колега од граѓанската област Илир Сулејмани (поранешен претседател на Основниот граѓански суд).

Тука се и судиите Андреј Димовски, Али Алиу и Едита Наскова, обвинителот Дејан Петрески и поранешниот член на Антикорупциската комисија Шемси Салаи.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера соопштија дека во наредниот период Меѓуресорската комисија што е формирана со одлука на Владата ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе изврши интервјуирање на кандидатите, по што ќе пристапи кон процес на нивно рангирање.

Потоа, ќе бидат предложени тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, согласно Европската конвенција за човекови права.

Мандатот за оваа функција трае девет години.

Од 2017 година судија во Европскиот суд од земјава е Јован Илиевски.