Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Околу 21 часот, полициски службеници од САЕ „Тигар“ го извадиле од водите…

Сподели:

Околу 21 часот, полициски службеници од САЕ „Тигар“ го извадиле од водите на реката Вардар патничкото возило „Ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица: Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од селото Грчец, скопско.

На 2 јануари 2025 година, околу 16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило излетало од локалниот пат Сарај – село Рашче и паднало во реката Вардар. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.

Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на трите женски лица, а по наредба на јавен обвинител нивните тела се дадени на обдукција.

Реклама

Во несреќата, со телесни повреди се здобило четиригодишно дете – сопатник, кое е пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се трага по А.А. (56) од село Грчец, кој, според изјавите на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Дополнително, екипи од СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, со физичко пребарување и пребарување со два дрона, преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице, со поддршка од САЕ „Тигар“ и Единицата за брзо распоредување.