Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Пожарот над Битола повторно активен

  Над Битола повторно гори. Силниот ветер повторно ги разгоре жариштата, префрлајќи го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  Над Битола повторно гори. Силниот ветер повторно ги разгоре жариштата, префрлајќи го огнот на другата страна од планината кон месноста викана „Снегово“. Заради силината на огнот и ветрот, за тешко пристапниот терен, пак е побарана, а и е добиена воздушна поддршка од шест летала. Паралелно се врши и координација со ОКШ за повторено вклучување на сите расположливи сили и ресурси, согласно потребите, ни изјави за Алфа, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој инаку цело време е на терен.

    Заради екстремно неповолните временски услови и постоењето на голем број жаришта, целиот опожарен терен продолжува будно се контролира, а заради густиот чад, обиколницата од Битола кон Ресен и понатаму останува затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат низ Битола, која исто така од синоќа е обвиена во чад.

   Првичните претпоставки се дека пожарот кој избувна вчера нешто пред 17 часот на ридот над Битола од тунелот кон Бензиската „Лукоил“ и се прошири високо во планината кон месноста викана „Бел камен“, најверојатно бил предизвикан од човечки фактор, односно од палење на дива депонија во околината на населбата „Баир“, што не е првпат.

Реклама

   Инаку, битолчани ноќеска имаа тешка и непроспиена ноќ. Голем дел од нив доброволно, самоорганизирајќи се, постојано одеа кон пунктовите на пожарникарите, снабудавјќи ги со вода и храна. Во гаснењето на големиот шумски пожар, кој според првчните проценки „проголта“ над 100 хектари, главно нискостеблеста вегетација, но и шума од бор самоник и багрем, учествуваа 50 професионални пожарникари, како и доброволци од јавните претпријатија, од национални шуми, а и локално население.

   Пожарот во Битола, пред повторно да се активира попладнево, целосно беше ставен под контрола околу пладне, благодарение на воздушната поддршка составена од пет ЕР-трактори, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција како дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите.

                                                                                                       Каролина Дурло