Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Пожарите во светиниколско ставени под контрола, изгореле околу 40 куќи

Околу четириесетина куќи пеплосаа пожарите во светиниколските села Малино, Немањица и Орел.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу четириесетина куќи пеплосаа пожарите во светиниколските села Малино, Немањица и Орел. Дел од нив се стари, но има и такви во кои се уште се живее.  Потресни сведовштва за очајни сопственици кои не сакале да ги напуштат домовите и стоката пред камерата на Алфа, вчера раскажува мештаните на Немањица, кадешто борбата со пламените јазици беше најопасна…

“Овде подолу сопственичката на трлото влезе внатре, не сакаше да го остави стадото. Едвај ја извлековме. Друг пример се и двајцата соседи. Не сакаа да излезат од куќата, па едвај со полиција ги извлековме„ раскажува жител на  селото Немањица.

Ноќеска драматично беше и во селата Ерџелија и Мустафино, каде пламените јазици беа на само еден километар од првите куќи. Пожарникари, вработени во јавните претпријатија со помош на местното население за да ги заштитат селата , цела ноќ со механизација правеле  обрачи околу нив. За среќа огнот не успеал да ја пробие земјената барикада. И денеска ветрот и е сојузник на огнената стихија, па затоа од ЦУК апелираат да се престане со палења на стрништа, а граѓаните да бидат крајно внимателни.

Реклама

  Изјава-Стојанче Ангелов-директор на ЦУК

  • „Сувата вегетација, високите температури ќе допринесат за појава на нови пожари. Апелирам до сите земјоделци да престанат со палење на стрништата. Палењето на стрништа треба да го посматрат како обид за убиство, затоа што пожарот од тоа стрниште може да навлезе во блиската трева, оттаму во блиската шума, блиското село и да убие некој човек„ изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Според Ангелов неколку пожари се намерно подметнати, а вчера детектирале и појава на пожари од искрење на електрични жици

Во меѓувреме се уште се активни пожарите во кочанско и пробиштипско, каде постои опасност пламените јазици да зафатат дел од борова шума.

Александра Ристевска