Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Повреден чешки планинар спасен на Шар Планина

Во координирана акција синоќа бил спасен повреден чешки планинар на Шар Планина.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во координирана акција синоќа бил спасен повреден чешки планинар на Шар Планина. Вчера попладне во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК е добиена пријава од чешки планинар – скијач дека еден негов колега – исто така чешки планинар е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош.

Како што соопшти ЦУК, по примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повреден планинар, на крајот од денот, пред да настапи ноќта кога студенилото се засилува, а видливоста се намалува поради мракот и маглата, раководителот на РЦУК Тетово веднаш стапил во контакт со Националниот „Парк Шар Планина“ од каде што известиле дека тие стапиле во контакт со Горската спасителна служба на Попова Шапка, кои потврдиле дека ги добиле координатите за локацијата на повредениот планинар.

Потоа итно се упатиле со специјализирано возило за движење по длабок снег – „ратрак“, за да го извлечат повредениот планинар од местото на несреќата и да го превезат до центарот „Попова Шапка“. Кон тоа место на преземање на повредениот, паралелно со нивната спасителна акција за извлекување од повисоките снежни делови на Шара, од Итната медицинска помош од Тетово испратиле амбулантно возило со него да биде пренесен повредениот до Клиничката болница во Тетово. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, покрај ЈП „Национален парк Шар Планина“ и Итната медицинска помош, за настанот биле известени и „Елем Турс“ – државната компанија што стопанисува со Попова Шапка, Полициска станица (ПС) Попова Шапка, а и Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) Тетово, соопштија од ЦУК.

Реклама

Од ПС Попова Шапка, на почетокот на ноќта, во ЦУК била добиена повратна информација дека повредениот бил безбедно извлечен од планинскиот снежен повисок дел на Шара и на првата можна точката за преземање на асфалтен пат префрлен во возилото на Итната медицинска помош со што почнал транспортот, со медицински надзор и нега според потребите, до клиничката болница во Тетово.