Реклама
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу КИНСИВ и Јавното обвинителство

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) и Јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) и Јавното обвинителство потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за размена на информации и координација при спроведување на истраги во случај на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. 

Меморандумот за соработка денеска го потпиша претседателот на КИНСИВ Марјан Прпоски и државниот јавен обвинител Ненад Савески.

– Документот предвидува јасно разграничување на надлежностите, при што КИНСИВ ќе спроведува независни технички истраги насочени кон утврдување на причините, додека Јавното обвинителство ќе постапува во делот на утврдување на евентуална кривична одговорност, изјави претседателот на КИНСИВ Прпоски. 

Реклама

Целта на оваа соработка, како што оцени, е зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и усогласеноста со националните и меѓународните стандарди во областа на воздухопловната безбедност.