Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Поставување на камен-темелникот на Црквата „Лазарево Воскресение“ во село Раштани

Со длабока чест и благодарност кон сите што го поддржаа овој свет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со длабока чест и благодарност кон сите што го поддржаа овој свет чин, денеска го поставивме камен-темелникот на Црквата „Лазарево Воскресение“ во село Раштани, Велес. Духовен дом што ќе биде извор на надеж, утеха и благослов за генерациите што доаѓаат, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Овој чин не е само почеток на изградба од камен и малтер, ова е почеток на едно духовно патување, заеднички стремеж кон божјата светлина и вистина.
Мицкоски истакна дека да се гради црква е света работа, тоа значи да се изгради темел во срцето на народот. А денешниот ден покажа дека народот од Раштани и пошироко има силна душа и големо срце.

-Благодарност до сите што беа присутни, до оние што со својата поддршка, труд и вера помогнаа ова да стане реалност. Господ да го благослови секој чекор понатаму и ова свето место да расте со љубов, како сведоштво за воскресението, надежта и заедништвото на нашиот народ. Со вера во Бога, со љубов кон луѓето, чекориме напред, потенцира Мицкоски.