Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Посна трпеза – каде и да си, за Бадник дома да си

Со раноутринските коледарски огнови и песни, православните христијани ги привршуваат подготовките за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со раноутринските коледарски огнови и песни, православните христијани ги привршуваат подготовките за Бадниковата вечера, која во пресрет на Рождеството Христово е и последната посна вечера од Божикниот пост. Бадниковата вечера е празник на домот и на семејството, и според многувековната традиција, вечерва ниту доаѓаат гости, ниту пак се оди по гости.

  „После шетснеделниот пост, крајна е Бадниковата вечера, посна, на која ја има сармата, нашата позната мала сармичка, гравче, костени, ореви, суво овошје, маслинки, баклава и сето она што е посно, заокружувајќи го постењето и дочекувајќи го со радост Христовото раѓање. Значењето е големо, бидејчи ако не беше раѓањето Исусово, ќе немавме ни воскресение, почетокот на нашата вера, на нашето постоење, на нашата традиција, на нашиот непресушен извор на сето она што го имаме како народ“, – вели Лилјана Ѓорѓиеска од Здружението „Преродба“.

  Бројни се адетите кои со кои се одбележува Бадник и кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација, од колено на колено. Иако, со тек на годините се внесуваат и некои нови елементи во празнувањето, сепак суштината останува иста, со единствена цел, да не се загубиме како народ во модерните, најчесто туѓи обичаи.

Реклама

   „Ние тука сме како чувари на нашата традиција, сакајќи изворното да го пренесеме, изворното да го зачуваме. Не дека сме против младите да внесат нешто ново, во ред е. Меѓутоа, изворното мораме да го зачуваме“, – потенцира Ѓорѓиеска.

    За Бадниковата вечера, освен богатиот избор на посни јадења, во прилепскиот крај, задолжително се сучи и кора, попозната како мазник, која исто така е посна и е зачинета со ориз, или со лук и ореви. И во неа не се става паричка. Паричката се става за Стара Нова година, во Василичарскиот мрсен мазник.

  „Најважно е да биде семејството заедно, зближено на тој ден. Викаат – „Пред Божик, зад Божик, кај и да си – дома да си“. Тоа значи како да се очекува новороденче и сите го очекуваме да се роди, радосни сме, затоа и се спрема богата трпеза. И затоа сите сме заедно…И откако ќе се вечера, јадењето од вечерата не се раскрева. Се раскрева она што е за миење, а другот сето ќе се покрие и се остава. Има верување дека ако дојдел Господ, да има што да касне, а и да не биде празна синијата, за цела година да има за јадење“ – објаснува Ленче Спиркоска.

  Инаку, Бадниковата вечера е исклучително семеен паразник, а на трпезата се принесуваат непарен број посни јадења и се верува дека колку ќе биде богата трпезата, толкав ќе биде и бериќетот во домот во престојната година.