Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Последен ден од Анкетната комисија за онкологија: Јовески не мисли дека местото му е на столчето за испрашување

Обвинителот Љубомир Јовески наместо да одговара на прашањата им одржа лекција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителот Љубомир Јовески наместо да одговара на прашањата им одржа лекција на пратениците. Тој жестоко ги искара членовите на Анкетната комисија дека водат паралелна истрага со Јавното обвинителство. А со тоа се кршел уставот и законите. Додавајќи дека на државниот јавен обвинител не му е местото во собрание да биде испрашуван,затоа што не е експерт и не може да сведочи за активна кривична постапка.

„Сè повеќе сум уверен дека не се работи за грешка, туку за излегување од надлежностите на собраниските тела, со цел да се наруши предистражната постапка што ја води Обвинителството. Јавниот обвинител ниту е експерт ниту може да биде повикан да сведочи за активна кривична постапка. Тоа го забранува Уставот, кој јасно ја дефинира поделбата на законодавна, извршната и на судската власт и ја гарантира самостојноста на јавниот обвинител како надлежен орган за кривичен прогон” – рече Јовески.

За Јовески имаше многу парашања, ама на ниту едно не одговори конкретно.Пратеникот Антонио Милошоски го праша Јовески како може ДЗР во март да достави извештај до ЈО за онкологија,  а вие до ден денеска да немате истрага? Јовевски без конкретен одговор.

Реклама

Сведок на анкетната комисија беше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој кажа дека МВР постапува по сите барања кои се добиваат од Јавното обвинителство.Тој беше прашан дали со објавување на извештајот од ФЗОМ од страна на Христијан Мицкоски може да влијае или да ја загрози истрагата?

Анкетната комисија денеска треба да заврши со работа и да се донесат заклучоци во рок од 30 дена. Но се поизвесно е дека работата на ова собраниско тело ќе продолжи, но за тоа треба да одлучи пленумот, ова го соопшти претседателката на комисијата Рашела Мизрахи. А дали ќе се утврди политичка одговорност ќе се знае по донесените заклучоци.