Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Поскап влез во ЕУ – наместо 7, ќе се плаќа 20 евра

Патувањето во Европската унија, од 2026-та година, ќе стане – значително поскапо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патувањето во Европската унија, од 2026-та година, ќе стане – значително поскапо и построго контролирано. Наместо досега најавуваната такса од 7 евра за електронска дозвола за влез, Европската комисија објави дека цената ќе биде речиси тројно повисока – 20 евра по апликација. Оваа дозвола ќе важи три години и ќе биде задолжителна за сите државјани од земји кои не се членки на ЕУ, меѓу кои и за македонските граѓани.

Како главна причина за зголемувањето на цената, комисијата ја наведува инфлацијата и дополнителните трошоци за воведување на нови технички функции во системот.

Иако овој систем ќе се применува од втората половина на 2026-та година, веќе претстојната есен, во октомври, почнува имплементацијата на системот за – влез/излез, што ќе биде првиот чекор кон новиот режим за влез во Шенген-зоната.

Реклама

Новина е што при влез ќе се бараат биометриски податоци – отпечатоци од четири прсти и фотографија, кои ќе се зачуваат во дигитална евиденција. Системот ќе се применува на сите гранични премини на земјите-членки на Шенген-зоната, како и на Бугарија, Хрватска и Романија.

Новите правила ќе важат за сите државјани од Западен Балкан, вклучително и за македонските граѓани. ЕУ ги оправдува новите мерки со потребата за зголемена безбедност, подобра контрола на движењето и намалување на злоупотребите на туристичкиот престој.