Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Посилна акција за заштита на млади жени и девојки

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска презентираше ново истражување за онлајн и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска презентираше ново истражување за онлајн и офлајн-насилство врз млади жени и девојки во јавниот живот.

Истражувањето истакнува дека значаен дел од младите жени се чувствуваат небезбедно на јавни места поради нивниот род, со ранливости обликувани од социоекономски фактори, образование и место на живеење. Тоа исто така укажува на ниската стапка на пријавување и потребата за подобрена координација, пристапност и доверба во одговорите на институциите.

Отворајќи го настанот, амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја нагласи важноста од претворање на истражувањата во долготрајно влијание: „Кога настанува насилство, молчењето не е опција. Сите имаме одговорност да реагираме и пријавиме. Пријавите за насилство мора да бидат приоритет, а институциите се обврзани да делуваат со должно внимание“.

Реклама

Министерот за социјална политика, демографија и млади ја истакна важноста на координирана социјална поддршка. „Мора да изградиме систем кој реагира рано, на хуман и координиран начин, за ниту една жена да не биде сама. Подготвуваме нова Стратегија за превенција и заштита од насилство врз жените и семејно насилство 2026–2033, заедно со Акциски план за 2025–2029. Овие стратешки документи ќе водат навремена и ефективна заштита за секоја жена“.