Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Посета на заменик министерот за внатрешни работи Исени на СВР Куманово и Полициското одделение Матејче

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени во рамки на своите работни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени во рамки на своите работни активности, го посети Секторот за внатрешни работи во Куманово и Полициското одделение Матејче, каде што од раководството беше запознаен со активностите кои се преземаат на територијата на Куманово.

На средбата беше потенцирано дека безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Куманово е стабилна, соопшти МВР.

Исто така, се разговараше и за тековните активности, движењето на криминалитетот, одржувањето на јавниот ред и мир и предизвиците со кои се соочува овој сектор од аспект на недостаток на материјално-технички средства и недоволна пополнетост со човечки ресурси.

Реклама

Од страна на заменик министерот за внатрешни работи Исени беше истакнато дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за подобрување на капацитетите на СВР Куманово согласно потребите на секторот.