Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Попов: Да излеземе масовно и да се обединиме зад бројот 9, за развој и иднина на младите во Македонија

Почитувани млади, без разлика на вашата партиска определеност. Во недела, на 19…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани млади, без разлика на вашата партиска определеност. Во недела, на 19 октомври, се соочувате со избор кој не е само политички, туку и генерациски. Избор помеѓу опцијата што нуди докажан континуитет, стабилност и работа, и опцијата што нуди неоснована критика, стагнација и нескротлива желба за власт.

Често слушаме дека младите се апатични, дека не се грижат и дека едвај чекаат да си заминат. Но јас одбивам да верувам во тоа. Мојата генерација има луѓе кои одбиваат да гледаат со песимизам и да ја препуштат иднината во туѓи раце.

Јас одбирам да гледам во младите кои не се предадоа кога беше најтешко. Во младите што работат, учат и создаваат со верба дека оваа земја може да биде подобра. Во младите што ја сакаат својата држава не затоа што е совршена, туку затоа што е нивна – затоа што е дом за кој вреди да се бориш.

Реклама

Нашата генерација не е изгубена. Таа е генерацијата што не бара изговори, туку решенија. Што не чека подобри времиња, туку самата ги создава. Таа што не се плаши да преземе одговорност и да покаже дека може поинаку – посериозно, поискрено и похрабро.

Затоа, не дозволувајте друг да одлучува во ваше име. Гласај, не за партија, туку за иднината во која сакаш да живееш. Гласај за твоето маало, за твоето место, твојот млад советник и за твојот градоначалник. За луѓето кои ќе бидат тука со вас и во добрите и во лошите моменти, луѓето кои изминатите 4 години докажаа, но и оние кои допрва ќе докажуваат дека нашата примарна цел во политиката е да создаваме и работиме.

Во 2021 година, ги поставивме темелите на огромен број успешни локални приказни, градоначалници блиски до народот кои го трансформираа секојдневието на граѓаните и создадоа подобри услови за сите. Со поддршка од централната власт и со нашите кандидати за градоначалници кои ќе работат неуморно, нема предизвик кој не може да се надмине, сон кој не може да се оствари и успешна приказна која не може да се испише.

Во недела, да излеземе масовно и да се обединиме зад бројот 9, за градоначалниците и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За Македонија која и покрај сите свои несовршености, сепак е наш единствен дом, дом за кој вреди да се бориме и да изградиме иднина каква што заслужуваме самите ние, но и нашите предци и генерациите кои ги оставаме после нас.