Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Поплавени улици во Битола, ЈКП „Нискоградба“ интервенира по обилниот дожд во градот

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на  ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен. -Се интервенираше во населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на  ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен.

-Се интервенираше во населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“,  на улицата „Железничка“ на потегот кај „Император“, населба „Стрчин“ на реката Курдерес, улица „Патризанска“ пред Медицина на трудот, Горно Оризари на улица „Крте Нале“ одводниот канал, Раштански порој, на  улица „Бурса“ и на  улица „Цар Самоил“. Исто така екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат на улицата која води кон село Раштани, а имаше и помали интервеници во „Бадембалари“, населбата „Баир“, на улицата „Широка“ каде решетките не можеа да ја соберат водата од ридот, потоа на улицата „Васко Карангелевски“ на стариот Курделес кој излегува на улицата „Смилевски конгрес“, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Екипи на „Нискоградба“ ќе интервенираат и на патот за Брусник и Лавци.