Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Свет

Полска привремено затвори два аеродрома поради голем руски напад врз Украина

Полска привремено затвори два аеродрома и превентивно крена борбени авиони, откако Русија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полска привремено затвори два аеродрома и превентивно крена борбени авиони, откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина. Аеродромите во Лублин и Жешов, кои се наоѓаат близу границата со Украина, повторно беа отворени откако заврши операцијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 400 дронови и околу 40 проектили од различен тип. Мета на нападот биле електричната мрежа, производствени постројки и дистрибутивни трафостаници.

„Москва мора да биде лишена од можноста да го користи студот како средство против Украина“, кажа Зеленски.

Реклама

Министерот за енергетика на Украина изјави дека биле погодени две термоелектрани во западните региони на Украина и основни елементи за дистрибуција на електрична енергија.

Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина се случуваат во период кога се очекува температурите да паднат до минус 19 степени.