Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Полни капацитети во прилепските центри за лица со попреченост, расте потребата од повеќе стручни кадри

Во двата центри за деца и лица со попречености во Прилеп, „Ѕуница“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во двата центри за деца и лица со попречености во Прилеп, „Ѕуница“ и Центарот за лица со церебрална парализа, згрижени се вкупно 28 штитеници, каде секојдневно ја добиваат соодветната грижа. Меѓутоа, она што загрижува е што и овде има листа на чекање, која за среќа не е долга, но поради кадровскиот дефицит од стручни лица, таа листа би можела и да се зголеми, бидејќи максимумот на постоечките капацитетите е веќе постигнат, велат од прилепскиот МЦСР.

   „Сега со овој кадар со кој располагаме сметам дека капацитетите се максимално  исполнети за да може да им се даде квалитетна услуга и на корисниците. Не е замислата сдамо да дојдат и да си одат, туку да ги исполниме сите активности кои што се предвидени согласно Планот за работа“, – изјави Зоран Малковски, директор на МЦСР – Прилеп.

   Во Дневниот центар „Ѕуница“ кој постои 23 години, во моментов услугите ги користат 14 лица на возраст од 5, па се’ до над 30 години, речиси и без ограничувања на возраста. Постоечките стручни служби се комплетно екипирани, а сериозна е поддршката и од пошироката заедница.

Реклама

  „Кај нас се вклучени корисници со тешка и најтешка попреченост, исто така имаме вклучено и лица со аутизам. Моментално се згрижени 14 лица и се надеваме дека идната 2026 година, ако се зголеми бројот на персонал, ќе можеме да одговориме на повеќе барања за вклучување на други корисници“, – рече Снежана Јошеска, социјален работник и координатор на двата центри.

  „Од вчера општина Прилеп е прогласена за најинклузивна општина, добиен е сертификат и навистина прво како човек сум горд, а понатаму дека сме направиле сериозни чекори во однос на поправање на околностите во кои што живеат лицата со попреченост, особено со децата кои имаат посебни образовни потреби…Од лани во законска регулатива е ставено да има образовен асистент и за децата од средно образование и тука како општина предничиме“, – посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

   По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености, во Прилеп се одржаа бројни настани во кои беа вклучени и овие лица. Од општина Прилеп пак, најавуваат дека наредната година ќе се организира голем хепенинг посветен токму на лицата со попречености, а на кој настан тие ќе ги покажат своите стекнати вештини и знаења од инклузивноста во системот.