Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Забавни

Политичкиот трилер „Битка по битка“ со најмногу Оскари

Политичкиот трилер „Битка по битка“ е победник на овогодишното доделување на Оскарите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичкиот трилер „Битка по битка“ е победник на овогодишното доделување на Оскарите. Филмот освои шест Оскари, меѓу кои и наградата за најдобар филм. Со тоа го надмина фаворитот со рекорден број номинации „Грешници“, кој на крајот освои четири Оскари.

Филмот „Битка по битка“ на Пол Томас Андерсон, со Леонардо ди Каприо во главната улога, раскажува за милитантни активисти во САД кои се борат за правата на мигрантите. Режисерот Пол Томас Андерсон по многубројни номинации првпат самиот освои Оскар – како најдобар режисер, за најдобро адаптирано сценарио и како копродуцент. Со 13 номинации филмот влезе во трката како еден од фаворитите.

Повеќе номинации имаше само филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер. Драмата сместена на американскиот Југ имаше 16 номинации, повеќе од кој било друг филм во историјата. На 98-тото доделување на Оскарите филмот освои награди за најдобро оригинално сценарио, најдобра камера, најдобра филмска музика и најдобар главен актер Мајкл Б. Џордан.

Реклама

За првпат Оскарот за најдобра камера го освои жена: Американката Отом Дуралд Аркапо беше наградена за филмот „Грешници“. За првпат беше доделен и Оскар за најдобар кастинг, кој ѝ припадна на Касандра Кулукундис за „Битка по битка“.