Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Забавни

Насмеани детски лица и многу радост: Успешно одржан фестивалот „Поточиња 2025“

Во текот на викендот, на 12 и 13 април, во преполната сала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на викендот, на 12 и 13 април, во преполната сала на Македонската филхармонија по 22-ри пат се одржа детскиот музички фестивал „Поточиња“. Шестте претстави, распродадени до последно место, беа исполнети со детска радост, песна и аплаузи, а атмосферата беше магична од првиот момент.

Со почетокот на фестивалската химна, децата во публиката ги дочекаа своите врсници на сцената со голема еуфорија и искрени насмевки. Веднаш потоа, маскотата и водител на фестивалот – Поки, во изведба на актерот Мартин Јорданоски, ја крена публиката на нозе. Веќе со првата песна, „Дајте сите рачиња“, салата одекна од громогласен аплауз.

На сцената се изведоа 17 нови песни од фестивалскиот репертоар, а интересот и вниманието на најмладите не стивна до самиот крај. Последната композиција „Стоп за војните“ испрати силна и искрена порака за мир и подобар свет – токму она што детските срца го чувствуваат најдлабоко.

Реклама

Оваа година, „Поточиња 2025“ носеше и хуманитарна димензија. Целокупниот приход од продажбата на фестивалската дискографија, како и дел од средствата собрани од билетите, ќе биде дониран за настраданите од трагичната несреќа во Кочани.