Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Спектакуларна прослава на Новата 2026-та во Скопје

Со прегратки и здравица за подобра и поуспешна година, Скопјани, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со прегратки и здравица за подобра и поуспешна година, Скопјани, но и многу граѓани од внатрешноста и од странство ја дочекаа и си ја честитаа Новата 2026-та година на Плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Во одлична атмосфера, со многу музика, забава и без огномет 2026-та беше дочекана спектакуларно.

На Плоштадот Македонија присутните ги забавуваа нашите македонски естрадни уметници кои приредија забава за паметење. Граѓаните презадоволни, весели пред камерата на Алфа си посакаа традиционално како и секоја година пред се здравје, среќа и само убави моменти во Новата година.

Големата забава се отвори уште во 20 часот, а заврши со настапот на Каролина Гочева. Атмосферата е извонредна, приредена од нашите македонски ѕвезди.

Реклама

Последните секунди за дочекот на новата 2026-та заедно со Скопјани ги одброја и првиот човек на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој посака да се реализираат уште поголеми проекти во главниот град.

Меѓу граѓаните, на градскиот Плоштад најлудата ноќ ја помина и премиерот Христијан Мицкоски заедно со семејството.

Давид Крстевски