Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

Во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, од 27 до 29 ноември во Охрид се одржува Политичката академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Академијата е посветена на унапредување на политичкото образование, зајакнување на лидерските капацитети и поголемо учество на жените во процесите на одлучување, стои во партиското соопштение.

На отворањето на Академијата свои обраќања имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на Унијата на жени, Марија Митева, Давор Пашоски од фондацијата „Конрад Аденауер“, раководителот на ПИАЦ, Светислав Васев, и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Преку програмата се опфаќаат политичкиот идентитет и демохристијанските вредности, одговорното лидерство и современите предизвици во политичката комуникација. Посебно внимание се посветува на работата на Извршниот комитет на Унијата на жени, на утврдувањето програмски приоритети и на координацијата на идните активности во рамките на заедничката политичка агенда.

Реклама

Со одржувањето на Академијата ја потврдуваме нашата заложба за континуирано јакнење на партиските капацитети и за суштинско учество на жените во креирањето и спроведувањето на политиките. Политичката одговорност подразбира знаење, подготвеност и постојана комуникација со граѓаните, а политичката едукација е важен предуслов за исполнување на тие обврски.

Остануваме посветени на поддршката на женското лидерство и на создавањето можности за поголем придонес на жените во јавниот и политичкиот живот. Преку заедничка работа и јасно утврдени приоритети, продолжуваме да развиваме политики во интерес на граѓаните и на Македонија.