Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Поголемо чекање на граничниот премин “Дојран” од грчка страна поради враќање на македонските викенд туристи

Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед.

Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕЅ (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ, наместо досегашното рачно евидентирање на пасошите.

Од граничниот премин “Дојран” велат дека проблеми нема на македонската страна од границата, а побавно тече сообраќајот од грчка страна, посебно во текот на попладневните часови, поради враќањето на македонските посетители од Грција.

Реклама

Со новиот европски систем, се исфрла досегашното ставање печати во пасошите, така што на секое преминување на надворешните граници на Шенген зоната ќе се врши електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти.

Предвидено е системот EES да ги бележи точните датуми на влез и излез и да врши автоматска проверка на правилото за дозволен престој од 90 дена во рамки на 180 дена, со што ќе се намалат можностите за негово прекршување.