Реклама
Прилози

Поголема контрола од родителите и наставниците за побезбеден интернет кај децата

Новото дигитално време и едуцираноста уште од најмала возраст, ги прави учениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новото дигитално време и едуцираноста уште од најмала возраст, ги прави учениците многу подложни на корисните, но и на штетните влијанија од интернетот. Редовната и поголема контрола од страна на родителите и наставниците, но и правилната употреба на алатките за заштита на најмладите, се од круцијално значење за паметно и безбедно користење на интернет-технологиите, смета ресорниот министер Стефан Андоновски, кој тврди дека уште од лани сите училишта добиле напатствија за како и тие да ги заштитат најмладите.

  „Сметавме дека ова е начин да ги превенираме опасностите од интернет, а контролата да ја задржат родителите, да не ја презема државата, контролата на алатки кои што се исклучително приватни, значи ги користат родители, ги користат деца и би било мешање на државата во домашните работи на секое семејство. Опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува определени алатки за определена група на луѓе“, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

  За побезбедно справување со овие нови предизвици, Македонија е и дел од Проектот „МКSafeNet“ кој го импелементира Министерството за дигитална трансформација, како дел од мрежата „Insafe“ при Центарот за побезбеден интернет на Европската комисија во Брисел. Во овој проект вклучени се, главно основни училишта од повеќе општини, помеѓу кои е и ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ од Прилеп.

Реклама

  „Да, особено како град, треба да посветиме внимание и на родителите, и на родителската контрола врз мрежите. И јас се согласувам дека интервенцијата во било која алатка, значи мешање во слободата на избор, но тоа нема да биде мешање во слободата на избор, ако ние како родители постапуваме со особена грижа и внимание кон алатките кои што ги користат нашите деца“,кажа Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

  „Се трудиме преку едукативни работилници и предавања да укажемена нашите ученици – користењето на интернетот да биде безбедно, меѓутоа сами ние тоа секако не можеме да го направиме, потребни ни се и родителите“,посочи Снежана Коцевска – Шубеска, директор на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Прилеп.

  Во чест на 10 февруари – Денот на побезбеден интернет, во ова училште беше поставена изложба од ученички цртежи на тема „Користиме безбеден интернет“, како и едукативно-забавна програма за учениците, каде присуствуваше и министерот Андоновски.