Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Поглемиот пад на економијата, повисок раст на долгот – неповолни проекции на ЕК за македонската економија

Новинар – Тања Попова Европската Комисија ги влоши прогнозите за македонската економија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новинар – Тања Попова

Европската Комисија ги влоши прогнозите за македонската економија. Земјава ќе завршела во рецесија од минус 4,9% годинава, наместо минус 3,9% колку што беше проекцијата изминатата пролет. Во најновите есенски прогнози, пишува дека и покрај владините мерки, домашната побарувачка е слаба, а помалите суми кои иселениците ги праќаат како дознаки, влијаат негативно врз семејниот буџет на граѓаните. Се забележува благо закрепнување на побарувачката од странство, а инвестициите треба да се стабилизираат во последните три месеци од годинава. Извозот во голем дел ќе зависи од побарувачката од Германија, нашиот најголем трговски партнер.

„Однадвор, ризици произлегуваат од потенцијално послабите изгледи за автомобилската индустрија во Германија. Од друга страна, брзото спроведување на реформите за подобрување на собирањето на јавните приходи и рамката за расходите на среден рок  можат да ги подобрат јавните финансии над проекцијата“-прогнозира ЕК.

Реклама

Приходите се намалиле за 8% на годишно ниво. Европската Комисија нотира дека фискалниот дефицит значително се зголемил годинава, а се очекува да се намали постепено повторно во следните две години. Владата со вториот ребаланс, повторно го зголемила буџетскиот дефицит од првично планираниот, за да дојде до 470 милиони евра за 4-тиот пакет антикризни мерки.  Долгот, според Комисијата, ќе продолжи да расте.

„Општиот државен долг ќе надмине 50% од БДП годинава и се очекува да продолжи да расте во 2021 и 2022-та година, воден од се уште обемниот буџетски дефицит. Стабилизацијата на долгот која се очекуваше по 2021-вата година, ќе биде пролонгирана“-прогнозира ЕК.

Закрепнување на економијата на нивоата пред корона кризата може најрано да се случи во 2022-та година. Европската Комисија очекува растот на БДП во Македонија следната година да изнесува 3,8 отсто, а во 2022-та година 3,5%.