Посветеноста кон европската иднина на државата, почитување на различностите, демократската култура, одговорноста, дијалогот,се клучните точки во Декларацијата за европски вредности што денеска ја потпишаа претседателите на подмладоците на политичките партии во државата. Секојдневните несогласувања на политичките лидери околу многу ставови поврзани со европската иднина на Македонија, политичките потези и одлуки, законските измени,не смеат да бидат пример за подмладоците на партиите, па тврдат дека без разлика од која партија доаѓаат имаат обединети ставови за многу важни прашања.
-„Свесни сме дека подмладоците на политичките партии се простор од кој веќе денес произлегуваат ставови и пораки, примери што имаат значење за јавноста, за политичкиот дијалог и за доверабата во демократските процеси. Токму затоа ја препознаваме нашата должност да придонесеме кон политичка култура заснована на пошитување, достоинство, зрелост и одговорност“, изјави Билјана Јаневска, директор на Институтот Охрид.
Шефот на секторот за соработка Стефан Хадолин вели дека сите треба да работиме заедно за да ја направиме Македонија подобро место за живеење.

Тонски- Стефан Хадолин- шеф на сектор за соработка од делегацијата на ЕУ
-„Сето ова е за мирот кој што постои во Европа. Вие, овој настан и сите оние кои што работат зад кулисите се дел од ова. Овие мали работи се работите за кои што треба да ги засукаме ракавите, да работиме да бидеме транспарентни, да бидеме инклузивни и да да зборуваме еден со друг“, изјави Стефан Хадолин.
Потшишувањето на декларацијата е дел од настаните по повод Денот на Европа, а има за цел да посвети внимание на младите политички генерации и на нивната улога во градење на поодговорна, подостоинствена и поевропска потичка култура. Настанот го организираше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид а е финансиран од Европската Унија
