Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Поддршка за измените на Законот за возила од Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, со кој се овозможува за посебни возила на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да се издаваат две или повеќе сообраќајни дозволи и регистарски таблици во случај кога тоа ќе го определи директорот на АНБ.

Во предвидениот рок не беа поднесени амандмани за предложените законски измени, претресот беше заклучен без дополнителна дискусија и Комисијата го проследи предлогот во натамошна собраниска процедура. Согласно образложението, предлогот не предизвикува дополнителни финансиски импликации и се оценува како целосно издржан.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, беше единствена точка на денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.