Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

🎥 Поддршка за домашното производство за пониски цени

Владата крои долгорочна стратегија за заштита на животниот стандард. Клучно во процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата крои долгорочна стратегија за заштита на животниот стандард. Клучно во процесот е министерството за земјоделство затоа што најважно е да се зголеми домашното производство и да се намали увозот како би паднале цените. Додека се работи на стратегијата на долг рок, можна е државна интервенција, меѓутоа се уште се чека да помине третиот месец откако на крајот на април престанаа да важат последните воведени мерки за ограничени маржи и цени .

Според министерот Бесар Дурмиши, покачувањето на цените било очекувано по истек на мерките затоа што се направила дестабилизација со ограничувањата кои ги вовеле, но очекуваат дека ќе се стабилизира.

Тие механизми ние што ги имавме ги употребиме, сега чекаме да помине месецот , ако има реално поскапување на основните прехранбени производи ќе излеземе со конкретни производи Работиме на долгорочна стратегија, рече Бесар Дурмиши – министер за економија и труд

Реклама

Владата најавува и нови модели на пресметка на потрошувачка кошничка. Завршена е пресметката за просечна потрошувачка, а веќе е формирано советовадно тело кое работи на пет потрошувачки кошнички кои ќе бидат според потребите на пензионери, самци, брачни парови,  трочлено, четиричлено семејство. Ова ќе биде презентирано на следниот ЕСС кој ќе се одржи наскоро, а со ваквите модели се очекува да се добие реална претстава за потребите на граѓаните.

Од вчера работиме на пет потрошувачки кошнички сега ни е завршена просечната потрошувачка кошничка, вели Дурмиши.

Според последните податоци од државниот завод за статистика инфлацијата изнесува 4.5 %. Владата вели дека трошоците растат поради базичната инфлација, и се анализира што точно ја „подгрева“. Последната пресметка од синдикатот пак вели дека потрошувачката кошничка во јули е поскапа за 630 денари од јуни.