Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Под мотото „Дали ни е гајле?“ во Скопје почнува 34. Студентски средби „СКОМРАХИ“

Со претставата „Дома“ од Људмила Разумовска, во изведба на студентите по актерска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со претставата „Дома“ од Људмила Разумовска, во изведба на студентите по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје, започнува 34. издание на Студентските средби СКОМРАХИ, кое годинава ќе се одржува под мотото „Дали ни е гајле?“.

Како што соопштуваат организаторите, меѓународната студентска театарска манифестација ќе трае од 14 до 18 ноември и ќе обедини студенти од драмски академии од Северна Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, Белгија и Украина.

Отворањето е закажано во Македонскиот народен театар, а во наредните денови публиката ќе има можност да ги проследи претставите „Крал Лир“ од Љубљана, „Патувачкиот театар Шопаловиќ“ од Нови Сад, „Женска гардероба“ од Цетиње, „САКАМРАЗВОД.“ од Антверпен и „Чекајќи го Бекет“ од Киев.

Реклама

Покрај театарската програма, предвидени се разговори за претставите, работилници, предавање, промоција на списанието „Арс академика“ и музичка програма.

Годинава за првпат ќе биде реализирана и програмата „СКОМРАХ размени“, која предвидува заеднички активности со студенти од Факултетот за ликовни уметности и Архитектонскиот факултет.

Организаторите посочуваат дека мотото „Дали ни е гајле?“ отвора простор за преиспитување на прашањата што ги засегаат младите и за театар кој ги проблематизира современите општествени теми.