Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Почнува изградба на патот до манастирот „Света Марена“ во село Туминец, Општина Пустец

– Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година.  – Може да кажам дека ова е долгоочекувана вест, на задоволство на жителите, но и на многубројните […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со европски пари почнува изградба и асфалтирање на патот до селото Туминец, Општина Пустец, каде се наоѓа познатиот манастир „Света Марена“ во рамки на проектот „CrossRoad“, финансиран од Европската Унија преку програмата Interreg VI-A IPA Грција–Албанија 2021–2027 година. 
 
– Може да кажам дека ова е долгоочекувана вест, на задоволство на жителите, но и на многубројните посетители. Станува збор за уредување и асфалтирање на делницата  од главниот пат до близина на почетната точка кон манастирот „Света Марена“, со почитување на сите технички параметри и потребните подслоеви, вели Пали Колефски градоначалник на Општина Пустец. 


 
Преку овој проект, Општина Пустец обезбедува инвестиција од околу 500.000 евра, која ќе донесе подобрување на патната инфраструктура, поголема безбедност во сообраќајот и подобри услови за жителите. 
 
-За мене, ова не е само инвестиција во еден пат. Ова е инвестиција во иднината на нашата заедница, во економскиот развој на регионот, во поддршката на туризмот и во создавањето нови можности за жителите на Преспа, нагласува тој. 


 
Ќе продолжиме, порачува,  посветено да работиме за реализација на конкретни проекти кои ја трансформираат нашата општина и го прават Пустец сè подобро место за живеење, работа и посета. 

Реклама


 
Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро, во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.  
 
Манастирот „Света Марена“ по која е препознатливо селото датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на Светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти. 

Патронот на манастирот е на 30 јули а одбележувањето почнува ден порано со присуство на голем број верници од оваа општина, Округот Корча, но и од соседните земји.