Реклама
Македонија

Почна уредувањето на кејот на реката Брегалница во Делчево

Во Делчево почна уредувањето на кејот на реката Брегалница, со што овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево почна уредувањето на кејот на реката Брегалница, со што овој простор повторно се става во функција како место за прошетка, рекреација и дружење на граѓаните, информираа од Општината.

Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека кејот не е само простор за одмор, туку и огледало на градот и односот кон јавните површини.

– Активностите не претставуваат само расчистување и уредување, туку враќање на достоинството на еден од симболите на градот. Целта е овој простор повторно да стане безбедно и уредено место за семејствата, младите и сите граѓани, каде што чистотата, редот и грижата ќе бидат правило, а не исклучок – истакна Гоцевски.

Реклама

Тој упати благодарност до менаџментот и вработените во ЈКП „Брегалница“ за нивната посветеност и грижа кон урбаниот изглед и квалитетот на живот во градот.

Со уредувањето на кејот, локалната самоуправа испраќа порака дека грижата за јавниот простор е заедничка одговорност и важен чекор кон создавање поубаво и пофункционално градско опкружување. Од Општината најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период.