Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Почна четвртата годишна конференција за здравство во организација на АмЧам

Четвртата годишна конференција за здравство, во организација на Американската стопанска комора во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четвртата годишна конференција за здравство, во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), под мотото: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“ денеска се одржува во Скопје. Се предвидува конференцијата да обедини претставници на институциите, индустријата, академијата и пациентските организации, со цел да се идентификуваат практични решенија за поефикасен, модерен и одржлив здравствен систем.

-Идејата на креирање на политики во здравствениот систем, не е само креирање на политики во состојба на податоците што ги имаме. За жал досега еден од процесите коишто недостасуваше во здравствениот систем, беа базичните здравствени податоци коишто не беа навремено агрегирани, а се со цел да се креираат политики, рече министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите. 

Тој истакна дека меѓу другото, ќе се разговара и за поголема превенција, за дигитализација, за подобра транспарентност и навремени здравствени услуги. 

Реклама

-Овие се теми што  ги дискутираме не само на вакви конференции исто така и во работни групи што ги имаме креирано на ниво на Министерството. Знаете дека 12 работни групи веќе работат на креирање или подобрување на условите, а поврзани со законите во здравствениот систем. Ценам дека со промена на тие 12 закони, ќе имаме здравствен систем што е прилагоден на потребите на нашата држава, подвлече Алиу. 

Во врска со терапија што одвреме – навреме  ја снемува на Онкологија, а одговарајќи на новинарско прашање, Ана Марјановиќ од здружението Хема-онко рече дека проблемот ќе се надмине само исклучиво доколку се промени начинот на кој се набавуваат лековите за оваа клиника.

Таа во изјава за медиуми појасни дека не станувало збор за скапа терапија, станувало збор за терапија што не чини многу,  меѓутоа едноставно процесот на набавка ја отежнувал нејзината набавка на Клиниката за онкологија.

-Дистрибутери не ја доставуваат, не аплицираат тендери, има проблем со цени, што ги нудат. Веќе имаме зборувано на оваа тема, значи не станува збор за финансии. Оваа година имавме зголемен буџет, меѓутоа, мора да се промени начинот на којшто се набавува  терапијата за овие клиники во Македонија, истакна таа. 

Притоа додаде дека уште поголем проблем е, што, Министерството или, пак, самата Клиника, па ниту Фондот, немаат право самите да побараат одредена количина на тој лек којшто, ете, недостасува. 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, меѓу другото, на конференцијата истакна дека нас ни треба реформски ориентирано здравство, за да го направиме следниот чекор.