Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

По сомнителниот пожар во РЕК Битола, интензивно се работи за враќање на постројките во мрежа

Снабдувањето со електрична енергија во земјава е стабилно и покрај тоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Снабдувањето со електрична енергија во земјава е стабилно и покрај тоа што веќе неколку дена, најголемиот производител на струја – РЕК Битола е надвор од мрежата. „Ова се постигнува преку ТЕ „Осломеј“, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансираната набавка и продажба на електрична енергија преку МЕМО“, информираат од ЕСМ, откако по неодманешниот сомнителен пожар во РЕК Битола заради активирање на заштитниот механизам, автоматски беше исфрлен од мрежа Блокот 2, а кој единствено беше во погон.

„Во врска со континуираните дрски и лажни обвинувања од СДСМ – уништувачите на македонскиот енергетски систем, ја информираме јавноста дека „Техно Коп Плус“ ДООЕЛ Битола е избраната Компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по Јавниот повик. Овој понудувач, понудил за 30% пониска цена од досегашната. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната жалбена постапка и истиот ќе биде склучен по истекот на овој период. Во однос на испадот на Блок 2 од мрежата, сакаме повторно да нагласиме дека немаше хаварија, туку извесно е дека ни се случи саботажа. Целиот настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции“, реагираат од АД ЕСМ.

Во меѓувреме, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, се преземаат проактивни мерки за внатрешно справување со сите отворени прашања во Комбинатот, а кој подолго време го „тресат“ бројни финансиски афери, но и веќе започнати судски процеси, како што е и предметот „Адитив“ во кој се осомничени дури 30 лица за проневера од 6,5 милиони евра.

Реклама

Што се однесува пак, до повторното ставање во функција на постројките, од АД ЕСМ уверуваат дека во Комбинатот се вложуваат максимални напори за оспособување на Блок 2 и Блок 3. Очекувањата се дека и двата блока за многу кратко време ќе бидат спремни за синхронизација на мрежата.

А кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството на РЕК Битола. Но, она што е клучното во овој момент е дека во овој период, заради обемот на конзумот, нема потреба да бидат активни два блока, децидни се од АД ЕСМ.

Инаку, пред неколку дена и премиерот Мицкоски потврди дека додека сегашната Влада продолжува да го оправа сето она кое што било уништено, распаднато и девастирано во последниве години во РЕК Битола, струја ќе има доволно за сите, а и нејзината цена ќе остане непроменета.