Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

🎥 По изборите конечна одлука за трет мобилен оператор – заврши тендерската постапка

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е единствениот понудувач на јавниот повик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е единствениот понудувач на јавниот повик и најверојатно ќе биде новиот, трет мобилен оператор.

Сепак, доделувањето на лиценцата ќе почека да поминат локалните избори зашто така предвидува законот. Постапката ја спроведува Агенцијата за електронски комуникации.

„Согласно Законот за електронски комуникации во рок од три дена од приемот на извештајот директорот носи одлука за завршување на постапката по јавен тендер со јавно нададвање. Следен чекор е по завршување на изборниот процес директорот да донесе одлука за избор на најповолен понудувач,“ информираа за МИА од АЕК.

Реклама

И покрај тоа што официјално понуда достави само „Оне Македонија телекомуникации“ на „Фор-ај-џи“, заинтересирани за влез на пазарот биле и групацијата e& PPF Telekom Grup, активна во Бугарија, Словачка, Унгарија и Србија, како и БИТСРИМ Мобајл – македонска компанија за телекомуникациски и интернет услуги, која според достапните информации во моментов нема ниту вработени, ниту приходи. Двете компании се откажаа од натамошната трка.

Во моментов, Македонија и Косово имаат најскапи мобилни услуги на Балканот. Според најновиот квартален извештај на АЕК, најголем удел на пазарот држат А1 Македонија со 47,69% и Македонски Телеком со 46,66%. Удел од 3,38 проценти има М-ТЕЛ, по што следуваат останатите виртуелни мобилни оператори.

Конечната одлука за избор на најповолен понудувач ќе биде донесена по локалните избори во октомври. А со тоа ќе стане појасно дали земјава конечно ќе добие трет мобилен оператор, што би значело повеќе конкуренција а веројатно и пониски цени и подобри услуги.