Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

По хаваријата во Македонска Каменица – еко активистите се сомневаат во криминал во животна средина

Срамотно и страшно е она што се случува, вакви се реакциите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срамотно и страшно е она што се случува, вакви се реакциите на еко активистите по вчерашната хаварија во Македонска Каменица. Речиси секој месец има еколошка катастрофа. РЕките побелуваат, а притоките помодруваат остро реагираат од Иницијативата за заштита и одбрана на природата О2. Тие сметаат дека во поглед на животната ссредина се случуваат огромни криминали, без притоа некој да сноси вистинска одговорnost

    „Овие хаварии буквално се случуваат секој месец. Треба некој да се запраша  зошто толку често се случуваат. Сметаме дека се случува огромен криминал во поглед на животната средина. Дека не е тек така се случајно . Дека се издаваат концесии, дозволи за работа на многу сомнителен начин„ –изјави Невена Георгиевска од О2 Иницијатива за заштита и одбрана на природата

Откако вчера во Каменичка река се излеа 3.000м3 јаловишен песок и денес водите во реката се уште се матни. Еколошкиот инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор. Предложена е спогодба со рудникот за олово и цинк Саса за Прекршоци од трета категорија, која носи казна од 100.000евра.

Реклама

    Досегашната пракса  покажува дека за добар дел од казните не се знае понатамошниот исход, сметаат еко активистите.

   „Законот за прекршоци во минатиот период беше ,минатата година мислам дека и казните беа намЛЕНИ ЗА 75%.Која беше целта на намалување на овие казни?Ако казната се изрекува за делото да не се повтори очигледно, тоа што го направија беше огромна грешка. Кај нас не само што институциите не реагираат на време, туку и не знаеме што се случува понатаму„-изјави Георгиевска од О2Иницијатива.

Во текот на вчерашниот ден од рудникот Саса соопштија дека првичните резултати покажале дека дефектот не преставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина. И од риболовното друштво Шаран информираа дека немат регистрирано помор на риба. За разлика од ваквите тврдења на социјалните мрежи кочанчанец објави видео од десниот канал на системот за наводнување. Тврди дека видеото каде што се гледа помор на риба е направено вчера.

Од Шаран ги демантираат ваквите информации објаснувајки  дека од неделата е затворена браната така што проток на вода од езерото Калиманци кон Кочанско поле нема.

 Јаловината преку Каменичка река заврши во брана Калиманци, од каде се наваднуваат сите полиња на источниот регион.

Александра Ристевска