Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

По дипломатскиот скандал наместо да одговори дали ќе даде оставка, Тозија етикетира медиуми

Наместо одговор дали ќе понесе одговорност по дипломатскиот скандал кој го предизвика,…

Сподели:

Наместо одговор дали ќе понесе одговорност по дипломатскиот скандал кој го предизвика, владиниот функционер Горјан Тозија реши да ги нападне медиумите кои известувале за неговите потези. Одговор на прашањето на Алфа, дали ќе поднесе оставка, се уште не дава, но во гостување на една интернет телевизија, реши да ги етикетира медиумите. Вели дека оние кои пишувале за неговите навреди кон Хрватска, биле лимитирани и крајно десно ориентирани.

-Кога ќе видите вие кои портали објавуваат и што, ќе ви стане јасно за каква структура станува збор. Тоа се од лимитирани, политички крајно десни ориентирани портали, кои имаат за цел мене да ми наштетат, ако сега зборуваат против мене, зошто мислат ако зборуваат против мене, ќе ги намалат моите успеси или успесите на македонската кинематографија што не можат, евидентно дека не можат. Па еве мене ќе дојдат, ќе бидам терет на Владата, па Владата мене ќе ме смени, изјави Тозија.

Алфа праша и во Владата, дали ќе го разреши директорот на Агенцијата за филм, но одговор се уште нема ни од таму. Покрај Хрватска, која ја нарече фашистичка држава, Тозија ги нападна и Унгарија и Словенија, три земји кои важат за големи пријатели на Македонија.

Реклама

-На кој си извинуваш и зошто, се е тоа масло на збратимените партии ХДЗ и ВМРО… Тоа е помош во време кога мака мачи ХДЗ, како да се одбрани од Европа за своето усташство и легализација на поздравот „За дом спремни“… Се другото е неточно… И еве како Усташите удираат по Владата во Македонија, тоа е таа екипа на Орбан, Пленковиќ, кој си доби по нос за поддржување на недемократските процеси во Унгарија, Јанша, Груевски, тоа е тој клуб на криминалци, напиша Тозија во коментар на Фејсбук.

Ваквиот став на Тозија предизвика бура реакции во Хрватска. Здружението на загребските доброволци „Бранители на Вуковар“, испрати отворено писмо до премиерот Андреј Пленковиќ, во кое се бара Владата да реагира за овие коментари. Како што пишува словенечкиот весник „Демокрација“, протестна нота кон Македонија подготвува и Словенија.

Одредени медиуми пишуваат дека Тозија ќе си поднесел оставка, но тој се уште молчи, а останува отворено прашањето зошто и Владата молчи за скандалот кој го предизвика директорот на Агенцијата за филм, а може лошо да влијае на дипломатските односи со три земји пријатели на Македонија.

 Матеја Петровски